Ивица Боцевски ќе биде специјален претставник на Владата при унгарското претседателство со Советот на Европската Унија

Ивица Боцевски ќе биде специјален претставник на Владата при унгарското претседателство со Советот на Европската Унија

пред 4 месеци

Владата денеска ја одржа 17тата седницаm и ги донесе следните кадровски решенија:

Ивица Боцевски е именуван за специјален претставник на Владата при унгарското претседателство со Советот на Европската Унија.

Јетон Сума е именуван за директор на Службата за просторен и информативен систем.

Пеце Стојковски е именуван за вршител на должноста директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола.

Ерол Абдиу е именуван за вршител на должноста заменик директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола.

Блерим Сулејмани е именуван за вршител на должноста заменик директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

Кашмир Салиу е именуван за вршител на должноста заменик на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Фикрет Шабани е именуван за вршител на должноста директор на Управа за електронско здравство.

Зоран Пејковски, на предлог на министерот за култура е именуван за директор на Културно – информативниот центар на Македонија во Софија, Република Бугарија.

Африм Идризи на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик директор на КПД Затвор Скопје.

Билјана Стефаноска е именувана за вршител на должноста директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

Текстот Ивица Боцевски ќе биде специјален претставник на Владата при унгарското претседателство со Советот на Европската Унија е превземен од МАКФАКС.