Педесет и тригодишен припадник на МВР, со иницијали Ј.Г. се здобил со повреди на армиското стрелиште „Пенуш” во Штип.
Од полицијата соопштија дека настанот се случил вчера во 14:5 часот при изведување на обука – боево гаѓање.
Тој бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му биле констатирани телесни повреди и по укажаната медицинска помош е пуштен на домашно лекување.