Во полициската станица Чаир синоќа бил пријавен напад со ножеви во фитнес клуб.
Како што информираат од МВР, А.Р. (20) од Скопје во четири часот по полноќ пријавил дека околу два часа претходно во фитнес клуб на подрачјето на Чаир, тој и А.Р. биле физички нападнати со остри предмети од А.Б., Р.С. и Р.С.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.