СДСМ: Мицкоски не се огради од криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, ист како Груевски

пред 3 години

И покрај бројните судски пресуди за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу нив и последната за предметот Талир 2, Христијан Мицкоски упорно не се оградува од криминалот на неговата партија. Тоа само кажува дека е ист како неговиот ментор Никола Груевски дека е на страната на криминалот, се вели во соопштението од СДСМ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Од партијата додаваат дека по судската пресуда за Талир 2 каде се докажа дека ВМРО-ДПМНЕ криминално се стекнала со имот, најмалку што Мицкоски можеше да направи е да се огради и извини за криминалните зделки од епски размери.

Но наместо тоа Мицкоски по секоја цена го брани криминалот на неговата ВМРО-ДПМНЕ.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е партија заглавена во режимска матрица која работи единствено на штета на граѓаните и државата, се вели во соопштението.