Мицкоски: Мајка Тереза е нишката која ги поврзува сите кои живееле на овие простори, да го следиме нејзиниот пример на хуманост и добрина

„Административците ќе земат К15 поради СДСМ, на Мицкоски му стана бренд китењето со туѓи перја“, велат од Социјалдемократскиот сојуз

пред 4 месеци

„На Христијан Мицкоски китењето со туѓи перја му стана единствен бренд, секој ден неговата Влада се фали само со проекти и политики на СДСМ“, велат од Социјалдемократскиот сојуз.

„Вработените во јавната администрација земаат К-15 заради политиките на СДСМ. СДСМ го врати регресот за годишен одмор со новите колективни договори и покажа вистинска грижа за работниците.

Тоа што Владата на Мицкоски соопштува дека обезбедила пари е смешно, што и е друго работа? Пари има, во прашање се приоритетите.

СДСМ во време на најголемите кризи обезбедуваше средства и за К-15 но и за покачување на платите на работници, нешто што оваа Влада го замрзна и најавува дека нема да ги покачи платите“, соопшти СДСМ.

Текстот „Административците ќе земат К15 поради СДСМ, на Мицкоски му стана бренд китењето со туѓи перја“, велат од Социјалдемократскиот сојуз е превземен од МАКФАКС.