Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Ангелов: Во ЦУК и ДЗС има превработеност на одредени позиции, а нема луѓе таму каде што треба

пред 6 месеци

На системот за управување со кризи му е неопходна длабока реформа.

 „Ако се спојат ЦУК и ДЗС, би се добила една функционална институција, но и специјална единица за заштита и спасување со 120 луѓе за почеток, која би била мултифункционална – летно време ќе гасне пожари, а истовремено може да спасува и луѓе ако се заглавени на вода, планина, да вади луѓе од урнатини во случај земјотрес“, рече директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Според него, во ЦУК и ДЗС моментно има превработеност на одредени позиции, а нема луѓе таму каде што се потребни.

„Неопходна е длабока реформа на системот за управување со кризи. Целиот систем е нефункционален. Уште пред изборите разговаравме на оваа тема“, посочи тој.

Во овој момент Ангелов истакна дека немаме потреба од странска помош, успешно се справуваме со досегашните пожари.

„Од УХМР имаме и најава за врнежи денеска, па доколку паднат дождови, состојбата ќе биде стабилизирана“, рече Ангелов.

Текстот Ангелов: Во ЦУК и ДЗС има превработеност на одредени позиции, а нема луѓе таму каде што треба е превземен од МАКФАКС.