Белгиска државјанка фатена со лажен негативен ПЦР тест на скопскиот аеродром

пред 3 години

Белгиска државјанка била фатена со лажна потврда за негативен ПЦР тест на скопскиот аеродром, во обид да ја напушти државата.

На 16 април, обвинетата 48-годишна жена се обидела да ја напушти државата со лет од Меѓународниот аеродром Скопје, притоа приложувајќи лажна потврда за негативен ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот. Иако знаела дека тестот не е вистински и не е издаден од наведената лабораторија во Скопје, таа го употребила при проверката од овластените службени лица на аеродромот.​​

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против неа за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Share
Scroll to Top