Битолчанка лажно се претставила како вработена во МВР и им земала 3.000 евра на ресенчани

пред 3 години

Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Ресен до Основното јавно обвинителство во овој град поднесе кривична пријава против 39-годишна битолчанка со иницијали М.Л.(39), поради сомнение дека извршила кривично дело измама.

Како што информираат од МВР, во периодот од ноември 2021 до 14. јануари годинава, лажно претставувајќи се како вработена во МВР, битолчанката довела до заблуда 44-годишна жителка на Ресен дека ќе ѝ овозможи вработување за сопругот за надомест од 3.000 евра.

Откако ветувањето не било реализирано, оштетената сфатила дека е измамена и го пријавила случајот.