Градежништвото во овие времиња на светска економска мора да го држиме на високо ниво заради стабилизирање на економскиот раст на државата. Затоа за нас најважно е капиталните инвестиции во континуитет да се реализираат, истакна министерот Бочварски, кој денеска престојуваше во работна посета на општина Берово.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Министерот и градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски извршија увид во изградба на водоснабдителен систем за туристичката населба Беровско езеро.
Проектот кој е во вредност од 7,3 милиони денари се работи во соработка со општината. Водоводниот систем е целосно изграден, следната недела ќе се изврши испитување на новата мрежа. Дополнително ќе се гради нова секундарна водоводна мрежа до постоечките објекти со што ќе се поврзат со чиста вода за пиење.
„Берово и Малешевијата е значаен регион каде е потребно во континуитет да го развивме туризмот од сите аспекти и истовремено и да ги подобриме условите за живот на граѓаните. Еден од тие проекти што е од особено значење за подобрување на условите за развој на туризмот е реконструкција на водоводната мрежа во туристичката населба Беровско езеро. Ова е заокружување на претходно изградената фекална канализација исто за оваа населба со што веруваме дека значително се подобрени условите за развој на туризмот во овој дел од градот, изјави Бочварски.