Извештајот на ЕК ја отсликува реалноста и недостаток на реформи, правната сигурност за изборите беше поткопана, изјави Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, извештајот јасно кажува дека Македонија има уште многу домашни задачи. „За многу аспекти за кои ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека се антиевропски, ЕК забележува и во својот извештај. Прво ЕК се задржува на корупцијата. Во извештајот се забележува дека таа е распространета во многу области и треба да се обезбеди поактивен пристап од сите чинители кои се занимаваат со спречување и борба против корупцијата. Тука се надополнува и зајакнувањето на борбата против специфични форми на криминал, како што се перење пари и финансиски криминал“, рече тој. Второ, рече Андоновски, за ЕК предизвикува загриженост и треба да се ограничи зголемувањето на употребата на брзи постапки при донесување законите во Собранието. „Европското знаменце и брзите постапки беа злоупотребувани од мнозинството на власт во десетици наврати за носење закони за фабрики за марихуана, а и за правосудството“, изјави Андоновски. Во делот на економијата, додаде тој, се нотира дека Македонија постигнала ограничен напредок за време на извештајниот период. „И ова е најниската од оценките за напредок кои ги добиваме како држава. Извештајот вели дека спроведувањето на јавните капитални трошоци останува останува значително мало, а дека нема обезбедување ниту на стабилизација на јавниот долг. Поголемо внимание во овој дел треба да се посвети на драматичниот пад на СДИ и процесот на дезинвестирање кој се случува оваа година. Понатаму, опасноста што јавниот долг како критериум за пристапување кон ЕУ од Мастрихт надминува 60%, но и бројните незаконитости на постапките на јавни набавки поврзани со КОВИД кризата се огромен проблем“, изјави Андоновки.
(Видео) Андоновски: Извештајот на ЕК ја отсликува реалноста и недостатокот на реформи
пред 4 години