(Видео) Арсовски: За пијалаци и колонијални производи Владата троши по 11 милиони денари

пред 3 години

Службата за општи и заеднички работи на 23 март склучиле договор за набавка на води, овошни сокови и чаеви, во вредност од дури 7 милиони денари, потоа на 29 март склучиле договор за набавка на колонијално-прехранбени производи и пијалаци во вредност од 3,8 милиони денари, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„За пијалаци и колонијални производи даваат 11 милиони денари во време на криза, а велат дека штеделе“, посочи Арсовски.

Како што кажа, граѓаните живеат во сериозна инфлација, поскапел секој можен продукт и производ во маркетите, а платите и пензиите и понатаму не можат да ги издржат сите потреби на граѓаните.

„Оваа Влада може да се откаже од сè, од кој било национален интерес или што било друго, но не може да се откаже од сопствениот луксуз и не може да се откаже од непродуктивните трошоци. Наместо капитални проекти, луксуз и непродуктивни трошоци. Толку треба да се знае за владата предводена од СДСМ“, порача партискиот портпарол.