Вчера ја имавме најсмешната Монти Пајтон ситуација, каде што власта предводена во овој случај од Оливер Спасовски како министер за внатрешни работи, пред лицето на јавноста и пред камери од медиуми, заштити криминал, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
Вчера, рече тој, полицијата и Оливер Спасовски ги сокрија дивите копачи на криптовалути во јавното претпријатије ГТЦ, каде што изминативе четири години под палка на СДСМ, краделе струја и користеле простор и струја од ГТЦ, да се обогатат со стотици илјади, а можеби и милиони евра преку копање на криптовалути.
„Аминувањето на ова крадење струја од страна на коалиционите партнери на Зоран Заев информациите говорат дека се на семејството Бајрам кои што се во коалиција со СДСМ. Очигледно е дека е подржано од директорот на ГТЦ и од претседателот на одборот на директори на ГТЦ. Интересно е што претседател на одборот на директори е г-ѓа Трајанка Тасевска, чиј сопруг е директор на БЈБ при МВР, тоа е Сашо Тасевски. Истата г-ѓа е претседател и на форумот на жени во СДСМ во Кисела Вода. Е сега, интересно е што вчера, полицијата замислете не можеше да ги пронајде машините за копање криптовалути по претходна пријава нормално со точно дадени информации, односно или она што се случи полицијата вчера ги заштити дивите копачи кои што краделе струја од ГТЦ“, истакна Арсовски.
Дали Оливер Спасовски и Сашо Тасевски кој по нарачка на неговата сопруга и директорот на ГТЦ од СДСМ Ѓоко, ја повлекле полицијата и излегоа со информации дека најпрвин не пронашле машини, праша Арсовски на денешната прес-конференција.
„Зошто се дислоцирани машините ако е се легално како што велеа во МВР? Каде се однесени тие машини и дали сега се наместени во други институции каде што на истите места можеби крадат повторно струја? Зошто не се уапсени сопствениците, како што изминативе месеци бевме сведоци во медиумите да прочитаме дека се апсени и други диви копачи на криптовалути? Сомневањата и информациите се дека тие машини се во сопственост на коалициониот партнер на СДСМ, господинот Елвис Бајра“, рече тој.
„Очигледно не бил единствен што краде струја во државата татко му на Зоран Заев, очигледно и семејството Бајрам краделе струја од ГТЦ на грб на чесните дуќанџии, кои замислете изминативе година дена, година ипол, две, погодени од корона кризата влегоа во сериозни минуси. Очигледно голем дел од минусот за тие сметки и е токму и поради копањето на овие криптовалути кое што одело на нивни грб“, напомена Арсовски.
Додаде дека одговорност треба да сносат сите.
Според него крадењето и криминалот со СДСМ стана секојдневие во Република Македонија.