(Видео) Бугарска новинарка му подари црвено јаболко на Ковачевски

пред 3 години

Новинарка од Бугарија, на крајот од прес-конференцијата на македонскиот и бугарскиот премиер, му врачи подарок на Димитар Ковачевски. Таа излезе од публиката и му даде црвено јаболко, по што му посака успех.

„ Господине Ковачевски, дозволете да ви подарам здрава, бугарска, црвена јаболка, во знак на благодарност дека вие ќе го запазите единството меѓу Бугарија и Северна Македонија“, рече новинарката.

На гестот, бугарскиот премиер Кирил Петков се насмеа и рече: „нашето убаво јаболко“, а Ковачевски го понесе со себе.