На дебаклот од митинг, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски добија јасна порака од граѓаните дека не сакаат блокади и деструкции, посочи на денешната прес-конференција, Даниела Колева, пратеничка од СДСМ.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Како што рече таа, ВМРО-ДПМНЕ треба да ги прифати пораките од граѓаните и да го промени својот начин на однесување.
„Темата за предвремени избори е затворена до 2024 година, сега граѓаните очекуваат од сите пратеници и политички партии да покажат одговорност и посветеност. Потребно е вклучување на сите капацитети во поддршка на граѓаните и политиките за зголемување на животниот стандард на граѓаните, поддршка на компаниите и мерките за справување со последиците од кризата. Оттука, ВМРО-ДПМНЕ преку своите пратеници во Собранието да даде поддршка на ребалансот на Буџетот за 2022 година кој влезе во амандманска расправа“, повика претставничката на СДСМ.