“Истиот принцип на манипулација на тендерите за кој зборувавме во случајот со општина Бутел, бил користен и во тендер за општина Кисела Вода во време на мандатот на Филип Темелковски од СДСМ”, избави на денешната прес/конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Тој додаде дека и во Кисела Вода за да се постигне најниска цена производите кои фирмата некако знаеле дека нема да се користат биле вреднувани со најниска цена, а за производите кои знаеле дека ќе се користат цената била многукратно повисока. Ова е можно само доколку некој од општината навреме ја известувал фирмата учесник на тендерот.
Станува збор за рамковен тендер кои го добила фирмата МАГНУС Инжинеринг ДОО Скопје, договор кој бил склучен на 28.09.2021 година со општина Кисела Вода, во вредност од 10.000.000 денари.
Лефков наведе примери како во Кисела Вода во време на мандатот на Темелковски недомаќински се трошеле народните пари:
Цената на чинење на комплет светилка со натриумова сијалица HPS со моќност од 70 вати чинела 7.600 денари по парче, а иста таква светилка со моќност од 150 вати чинела само 143 денари. Разликата во цена е огромна, дури 53 пати. Односно помалку моќната чинела 53 пати поскапо од помоќната.
Ист случај е и со штедливата натриумова сијалица HPS од 70 вати, која чинела 5.200 денари по парче, а иста сијалица од истиот вид но со поголема моќност од 150 вати чинела 95 денари. Разликата во цена е 54 пати поголема кај помалку моќната во споредба со таа од 150 вати.
Лефков уште еднаш ги повикува надлежните институции веднаш да го испитаат овој тендер, да се вклучи и Финансиската полиција и да истражи каде завршувале парите од сметките на оваа приватна компанија од овие набавки.
Јавното обвинителство да се ослободи од стегите на власта и да постапи по овој случај.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува надлежните институции да го испитаат овој тендер, ЈО да постапи согласно своите надлежности и да си проверат каде завршувале парите од сметките од ваквите набавки.