„МВР за граѓаните” е мотото под кое оваа година со неколку свечености се одбележуваме 7 Мај – Денот на македонската полиција, рече во воведот од обраќањето по повод промоцијата на монографијата „МВР за граѓаните 2017-2021“ пред претставниците на дипломатскиот кор во државата, раководството на МВР и претставници на медиумите, министерот Оливер Спасовски.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Тој објасни дека мотив повеќе за создавање на публикацијата била и потребата да се изрази благодарност до пријателите и партнерите кои го поддржале МВР во текот на реформските процеси, преку проектите со Европската Унија, низата активности во соработка со Мисијата на ОБСЕ, партнерството со САД, со Германија, со Австрија, со Италија, со Чешка…
„Основната причина за публикацијата е цел тој реформски процес да го ставаме на увид на јавноста, на отворена транспарента проверка на фактите, преку публикација која електронски ќе биде достапна до граѓаните преку нашата веб страница. Низ избор на фотографии збогатени со текстуални секвенци создадовме документирано сведоштво за постигнатото во оваа петолетка, и тоа не само како збир на сработеното, туку и како поставени вредности, квалитативни промени кои веќе го завртеа тркалото напред и од кои враќање назад веќе нема“, истакна министерот Спасовски, издвојувајќи ги најважните проекти и активности на МВР во изминатиот период.
Според заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, монографијата сосема пластично и подробно ги презентира низата фази во реформското унапредување на Министерството за внатрешни работи, речиси во сите сфери од полициското работење. Почнувајќи од реформите во нормативната сфера со донесување на законски решенија во насока на хармонизирање на безбедносните стандарди на функционирање со оние на евроатлантските земји, потоа структурни, техничко-технолошки, кадровски, организациони и други промени.
„Се разбира, генерално насочени кон континуирано следење на западно-европските трендови во полициското работење. А конечниот исход кој што го очекувавме и кој е во голема мерка речиси реализиран – е воспоставување на максимална ефективност и ефикасност во функционирањето на тој сложен систем врз кој што почива Министерството за внатрешни работи, како сервис на граѓаните. Всушност, низ монографијата може јасно да се види тој исцрпен пат на предизвици и нивни решенија, во големиот број подрачја на делување на Министерството, но исто така, може да се види и јасната политичка волја и договор што беа предуслов да се тргне и да се успее во реформирањето на нашата институција“, посочи Буши.