(Видео) Митрески: Да не беа блокадите на ВМРО-ДПМНЕ платите на работниците веќе ќе беа зголемени

пред 3 години

Тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ во последниот период, последната недела две е чисто лицемерие и фаќање приклучок кон процесите коишто ссе одвуваат во државата. Ако вратиме назад можеме да забележиме дека ВМРО-ДПМНЕ беше и против зголемување на минималната плата со образложение дека тоа ќе значело отпуштање на вработени или останување на луѓето на улица без работа. Кога видоа дека и со зголемена плата бројот на невработени се намалува во нашата држава, веќе фаќаат приклучок и тие во последниот период ја поддржуваат минималната плата, наводно ја поддржуваат, изјави Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата

Тот досаде дека во врска со платите на наставниците и стручните соработници во основно и во средно образование тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ уштее еднаш потенцирам дека е чисто лицемерие, чиста дволичност. Една година блокираат Закон во Собрание со кој платите на наставниците и во основно и во средно образование ќе бидат усогласени со порастот на минималната плата.

Митрески истакна дека десет месеци тоа што го прават ВМРО-ДПМНЕ, десет месеци што ја блокираат работата на Комисијата за образование ќе значеше повисока плата и во овој период за наставниците, со порастот сега на минималната плата таа дополнително ќе се зголемува. Сега ВМРО-ДПМНЕ за да фати некаков наводен приклучок пушта нивни предлог Закон со мала измена, мислам дека таа измена или се надевам дека е таа измена заради измена да направат некаква разлика а ако не е така тогаш уште еднаш покажуваат дека тие не излегле од онаа стара матрица да ги држат вработените во образование, наставниците и во основно и во средно образование под притисок на партијата, односно како што ги и користеле и во минатото за партиски протести, контра протести да ги користат и денес.

Третата работа којашто сакам да ја споменам тоа е наводната нивна грижа за зголемување на пензиите, кога во јавноста се отвара темата пензии. Кога Владата економскиот сектор во Владата економските министри работат со Фондот за пензиско осигурување, работат со сите засегнати страни, кога се отвара и кога се е јасно и кога се знае дека пензиите ќе растат тие денес покажуваат некаква наводна грижа и пуштаат предлог за покачување на пензиите.

Очекувам дека тоа ќе го прават и во следниот период со други законски решенија, но уште еднаш ќе го покажат новното лиицемерие и нивната дволичност, изјави Митрески.