Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Штип го искоментира барањето на европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев да се исклучи партијата ВМРО-ДПМНЕ од Европската народна партија.
„Не е април. Тоа би била добра првоаприлска шега“, рече Мицкоски.
Европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев за БНТ изјави дека ја информирале „Европската народна партија за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ“ и ќе побараат да се иницира процедура за исклучување на таа партија од ЕНП.
Текстот (Видео) Мицкоски за барањето на Ковачев ВМРО-ДПМНЕ да се исклучи од ЕНП: Тоа би била добра првоаприлска шега е превземен од МАКФАКС.