И по две години целосно конфузнст во здравството, најмногу жртви и несоодветно справување во периодот на пандемијата со корона, Владата предводена од СДСМ и ДУИ не се грижи за подобрување на состојбите во здравствениот систем. Единствена грижа е да се прави перцепција дека се е во ред иако сме далеку од ред, изјави на денешната прес-конференција Игор Николов, претседател на комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Тој додаде дека пациентите деновиве се повторно заглавени во здравствена некоординација која наликува на хаос креиран од оваа хибридна Влада.
Николов прашува дали има насоки,има ли правец и правила? Има ли патеки на движење на пациентите како да стигнат до вистинската здравствена установа? Деновиве во Клинички центар „Мајка Тереза“, затворени се двата ургентни центри и хируршкиот и интернистичкиот, а за пациентите нема одговор и нема јасни патеки на движење. Наместо јасни насоки за граѓаните каде да се обратат за здравствена услуга, секој мора да лута и на крајот решението најчесто да се обиде да го бара во приватнотот здравство, ако има пари.
„На Клиниката за токсикологија се кречи првиот, а затворено е приземјето и тоа е добро образложение зошто не треба да се примаат пациенти. Од неодамнешното со фанфари најавувано реновирање на Инфективна клиника, излезе дека само се кречеле собите и се инсталирале нови противпожарни апарати.Наместо ветуваниот нов Клинички центар, сведоци сме само на еден вид импровизирани објекти кои повеќе наликуваат на пиљарници, кои што ниту новиот министер не смее да помисли да ги елиминира од паркот на кампусот „Мајка Тереза“. Низ кампусот клиники „Мајка Тереза“ никнуваат трафики, а за истите никој нема ингеренции во рамките на кампус, а овие клиники даваат услуги на граѓаните речиси од цела Македонија”, изјави Николов.
Тој ги повика граѓаните на 18 јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија да се стави крај на оваа неспособност.