Во ноември 2022 до ЦУК стигнале пријави од неколку граѓани, кои пријавиле дека потпорниот ѕид на улицата што минува веднаш до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, над Клиниката за детски болести, е во лоша состојба, тој е накосен и постои опасност да падне.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, рече дека од нивна страна веднаш биле известени Министерството за здравство, Градот Скопје и Општината Центар, како и МВР за да преземат мерки за да се заштитат животот и здравјето на граѓаните.
„За жал, една и пол година подоцна не е преземено ништо. Состојбата со ѕидот е уште повеќе влошена. Рано наутро добивме пријава дека дел од ѕидот е урнат, но прашање на ден, можеби и час, кога ќе се сруши преостанатиот дел од ѕидот, каде што се паркираат и возила, а се движат и лица што влегуваат во болницата“, рече Анеглов.
Апелира до Министерството за здравство, Градот Скопје и Општината Центар итно да се зафатат со надминување на опасноста.
Текстот (Видео) Падна потпорниот ѕид кај Детската клиника во Клиничкиот центар, извести ЦУК е превземен од МАКФАКС.