Оваа сабота, на 18 Јуни, со почеток од 19 часот во Денсинг салата на МКЦ ќе се одржи перформансот „Гол живот“ на Оља Грубиќ и Виа Негатива од Љубљана. Со овој перформанс завршува пролетниот дел од програмата на десеттото издание на фестивалот „Прво па женско“.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Гол живот“ нѐ повикува да размислиме што значи да се биде вид на живо суштество во светот, да се има тело, услови за постоење, можност за живот? Идеологијата не е решение. Животот е надвор од тоа. Преку поетскиот јазик, „Гол живот“ ја визуелизира интимноста на животното присуство на човечкото тело и динамиката помеѓу неговото физичко, ментално и емоционално постоење.
Голите женски фигури бараат место во публиката, на сцената, покрај ѕидовите во просторот. Рендањето зеленчук има централна улога во перформансот: изведувачките рендаат моркови, тиквички и краставици во сексуално обележани положби. Жената е претставена како домаќинка и сексуален објект во еден чин, а во исто време, фрагменти од менталниот тек на изведувачот се расплетуваат паралелно со звукот. Перформансот е концепт и идеја на Оља Грубиќ.
Настанот не е наменет за малолетна публика.
По перформансот следува забава на платото на МКЦ со DJ Џано Куч(е).
Билетите се по цена од 100 денари и може да се купат онлајн или на билетарата на МКЦ.
Ова издание на #ППЖ10 е поддржано од: Шведска и The Kvinna till Kvinna Foundation, FRIDA | The Young Feminist Fund, Зигрид Раусинг Траст и Министерство за култура.