(Видео) Пејоска: Образованието е во континуирана стагнација, а причина е неодговорното работење на Царовска

пред 3 години

Образованието во Македонија изминатиот период беше предмет на нецелосни, недосмислени, избрзани одлуки. Ваквото неодговорно работење од страна на поранешната министерка Царовска сега е веќе видливо и можеме да го потврдиме со големиот пад кој Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го има на Шангајската листа, изјави денеска Марија Пејоска, член на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемиот универзитет во Македонија во моментов, како што појасни Пејоска, се наоѓа на 1.944 место. А, според критериумите за истражувачка работа УКИМ се наоѓа на 1.869 место. Рангот кој е определен со соодветен систем е поразувачки податок за македонското општество, додаде таа.

„Македонското образование и наука се во континуирана стагнација, а причините за овој пад се од системски карактер. Но, и резултат на недоволната ангажираност на институциите. Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ преку секојдневна комуникација со студентите, младите научни соработници и истражувачи јасно ги имаат детектирано причините за овој пад“, истакна Пејоска.

„Ги повикуваме надлежните институции секогаш кога ќе треба да одлучат за нов чекор во образованието и науката проблемите да ги согледуваат низ стручна призма. И со тоа да се напушти принципот на носење на одлуки со цел да се заработат ситни политички поени. Во македонското општество функционираат голем број на стручни и компетентни луѓе кои со својот капацитет и преку соодветни настани можат и сакаат да помогнат образованието и науката да се подобрат“, нагласи Пејоска.