Одделот за воздухопловни единици на МВР со два хеликоптери од раните утрински часови и во текот на целиот ден дејствуваше на повеќе места каде што имаше пожар и тоа, реонот на општина Старо Нагоричане и реонот на Свети Николе. Хеликоптерот Бел 412 во 54 циклуси исфрли над 80 тони вода, а хеликоптерот Ми 171 исфрли 30 тони вода.
„Околу 16 часот и двата хеликоптери се упатија во селото Стројманци каде што од пожарот беа заробени неколку лица и пожарникари. Во најбрз можен рок лицата беа лоцирани и покрај густиот чад и ниската видливост, хеликоптерот Бел 412 дејствуваше на пожарот, додека хеликоптерот Ми 171 извлече 4 лица кои беа заробени во опожарена куќа, а останатите лица беа евакуирани од страна на доброволното противпожарно друштво од Св. Николе со возила“, велат од МВР.
Текстот (Видео) Полициските хеликоптери фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско е превземен од МАКФАКС.