Приведен 51-годишен жител на скопското село Кадино, во чиј дом при претрес биле пронајдени и одземени околу половина килограм марихуана и дробилка.
Д.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него, до надлежното основно јавно обвинителство, ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.