(Видео) Ристова: Изгласани се измените на Законот, следува исплата на субвенциите за 20.000 тутунари

пред 3 години

Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за земјоделство и рурален развој, поднесен од група пратеници од пратеничката група на СДСМ, истакна паратеничката од оваа партија, Лолита Ристова.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Како што рече таа, по четири месеци одолговлекување од ВМРО-ДПМНЕ, очигледно притиснати од јавните критики за нивното неодговорно однесување, и тие учествувале во гласањето на овие измени.

„Со измените на Законот им се олеснува постапката на примателите на субвенции, односно тутунопроизводителите кои не треба да одат во УЈП да вадат потврда за платени даноци со цел да се олесни целата постапка и веднаш да ги добијат субвенциите кои им следуваат.

Важно е да се истакне и дека со измените на Законот се зголемува поддршката за набавка на гориво на земјоделските стопанства од 50 на 100 отсто од вредноста на горивото.

Ова во време на светска енергетска криза и раст на цените на горивата е особено значајна помош кои ќе ги намали производствените трошоци и ќе придонесе за конкурентно земјоделско производство.

Со усвоените измени се отстранува пречката за исплата на субвенции кон 20.000 тутунопроизводители.

Веќе во следните денови започнува исплатата на субвенциите кон над 20.000 семејства во вкупен износ од една мијалрда и 300 милиони денари односно над 21 милион евра.

Овие средства се обезбедени уште на почетокот на годината и исплатата ќе започне штом законските измени се објават во Службен весник“, нагласи Ристова.