Крешник Бектеши вчера призна дека тој и Ковачевски лажеле кога кажаа дека во стоковите резерви има пченица, изјави на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.
Трипуновски додаде дека се поставува прашањето кои се тие трговци кои ќе можат по повластени услови да земат пченица од Србија, за на истата да стават маржа и да ја извезат во Грција, Бугарија, Албанија или Косово? Како се одбрани тие трговци кои ќе можат да ја купат пченицата и дали лица блиски до врвот на власта треба од еден извоз да направат милиони?
Сето ова немаше да биде воопшто проблематично ако цената на брашното во Македонија не пораснеше за 40%, исто како и лебот и другите намирници.
Доколку владата наместо за профит на бизнисмените блиско до нив обезбедеше пченица за нашиот пазар и ја регулираше цената сега ќе јадевме поефтин леб, и ќе плаќавме помалку за килограм брашно, изјави Трипуновски.