(Видео) Шилегов: Драчево конечно добива брза врска со остатокот од градот

пред 3 години

Со булеварот Борис Трајковски на потегот од Пинтија до мостот на Маркова река пред Драчево, оваа населба конечно добива брза врска со остатокот од градот, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на денешната прес-конференција.

„Во должина од 2.325 метри се врши проширување од 2 на 4 коловозни ленти, изградба на пешачки патеки од двете страни на булеварот и велосипедска патека од едната страна со ширина од 2,75 метри“, додаде Шилегов.

Во продолжение тој потенцираше дека овој булевар е од исклучителна важност скопјани, а особено за жителите на населбите Драчево и Пинтија, но и за населбите од соседните општини Студеничани, Сопиште и Зелениково, како и за локалните бизниси сместени по должината на овој булевар.

„Се работи за исклучително фреквентна сообраќајница, заради што крстосницата пред мостот кај Драчево предвидено е да биде заменета со модерен кружен тек“, додаде градоначалникот, кој порача дека развојот на Скопје нема да запре.