Владата на денешната 14-та седница го задолжи АД ЕСМ да отпочне процес за потпишување на Договорите за реализација на Меморандумот за разбирање склучен помеѓу АД ЕСМ и Гастрејд С.А врзани со проектот терминал за течен гас во Александропулос, Грција.
Како што информираат од владината прес-служба, со овие договори и преземени обврски, терминалот за течен гас во Александропулос ќе обезбеди сигурно и долгорочно снабдување со течен гас за потребите на земјата.
„Реализацијата на овој проект, кој е прогласен за проект од посебен интерес на Европската Унија за природен гас и за кој Европската комисија одобри поддршка, обезбедува ефикасна интеграција со други важни проекти за инфраструктура на природен гас на регионалниот пазар“, се навдува во владиното соопштение.