ВМРО-ДПНЕ реагира дека власта е неспособна да се справи со ковид кризата а за еден ден над 2000 лица се позитивни.
„Власта не знае како да се справува со ковид кризата уште од самиот почеток, прво немаше тестови, па слободни кревети во болниците, за на крај да нема вакцини. Во моментот во Македонија има над 20.000 активни случаи заразени со ковид. Цел град со големина на Кочани, Радовиш или Кавадарци е заболен од ковид“, велат од оваа партија.
Како резултат на лошиот пристап, додаваат од таму, имаме над 8.000 починати од ковид, тоа е население, колку што жители има едно Крушево, Кратово или Берово, посочуваат од партијата на Мицкоски.
Сугерираат дека се потребни итни мерки за справување со ковид кризата и одговорен пристап.