Заев го изгуби не само мнозинството во Собранието, туку го изгуби и легитимитетот од народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од оваа партија посочуваат дека граѓаните јасно и гласно кажале Заев мора да престане со својата штетна и деструктивна политика.
„Оставката која ја најави и пред изборите и после изборните резултати се единственото нешто кое што Заев има шанса да го оствари и на тој начин да стави крај на агонијата во која ја доведе Македонија.
Поразот на Заев од 100 илјади гласови е јасен и гласен сигнал дека на Македонија и требаат промени кои ќе почнат со промената на Заев. Народот бара да престане тонењето на државата, бара да се стави крај на криминалот и корупцијата на власта на Заев, но пред се да се стави крај на тонењето во економската, енергетската и здравствената криза“, се наведува во партиското соопштение.
Не може Заев, човекот поради кој сме до гуша во сите овие кризи, да биде решение за истите, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев мора да замине час поскоро, за доброто на Македонија. Тоа е волјата на народот“, порачуваат од таму.