Демократскиот сојуз да каже дали функционираат само како испостава за бесплатен паркинг на функционерите на СДСМ и ДУИ, наместо како партија, повикаа од ВМРО-ДПМНЕ.
„ ДС да излезе и да каже дали една цела катна гаража во Скопје функционирала за функционерите на СДСМ и ДУИ да имаат бесплатен паркинг? Дали зад имињата на директорот и заменикот директор на ЈП Градски паркинг во време на Шилегов од ДС, се кријат имињата на Мартин Попов, шеф на кабинет на Димитар Ковачевски, Миле Зечевиќ и други високи функционери на власта?
Функционери на СДСМ и ДУИ преку ДС, кој функционирал како нивна испостава за организирање на паркинг се паркирале низ цело Скопје бесплатно“ обвинуваат од опозициската партија.
Оттаму додаваат дека партијата на Павле Трајанов е без прецизен одговор и, како што наведуваат, со заобиколување ДС продолжува да биде приврзок на власта и нивна испостава за организирање на паркинг.