ВМРО-ДПМНЕ: Скандали во новата година –  се поништи Чебрен, покапе струјата, шамари во М-НАВ, журка на Ахмети и Груби во државна институција

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ и СДС имаат страв дека ќе одговараат за сите криминали, па организираат протест пред Уставен суд за да не завршат во друг суд

пред 1 месец

ДУИ со драмата што ја прават пред Уставниот суд сака да ги скрие своите криминали и на партнерите од СДС и затоа прават протест. Драмата на ДУИ пред Уставен суд е режирана заедно со СДС и очигледно е организирана од политичари вмешани во криминални дејствија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ДУИ и СДС имаат страв дека ќе одговараат за сите криминали и предавства што ги направија, па организираат протест пред Уставен суд, за да не завршат во друг суд. ДУИ и СДС, знаејќи дека ништо нема да се случи во среда, се кријат и сеат магла преку протест“, посочуваат од партијата и додаваат:

„Од ДУИ и СДС, само треба ја слушнат изјавата на премиерот Мицкоски, се ќе им биде јасно“.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ и СДС имаат страв дека ќе одговараат за сите криминали, па организираат протест пред Уставен суд за да не завршат во друг суд е превземен од МАКФАКС.