Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на премиерот Димитар Ковачевски.
„Денес, секој одговор на премиерот Ковачевски на новинарски прашања му завршуваше со стандардната реченица: ‘прашајте ја надлежната институција’.
Ставот на Ковачевски зошто пропадна тендерот за ‘Чебрен’ му беше ‘прашајте ја надлежната институција’.
Ставот на Ковачевски зошто ТИРЗ троши милиони за градба на паркиралишта, и тоа преку омилената ‘Стентон градба’, му беше, ‘прашајте ја надлежната институција’.
Ставот на Ковачевски до каде е ветувањето за намалување на платите на функционерите, што самиот тој го најави пред една година, му беше ‘прашајте ја надлежната работната група’.
Ставот на Ковачевски за смените во Судскиот совет му беше ‘моите гледишта се истите како и на странските амбасадори’.
Оттука, се поставува прашањето на што е премиер Ковачевски. Премиер ли е, алваџија ли е.
Откако Ковачевски ѝ досади на јавноста со најави за тајни средби, сега вели ќе сакал кафе-средба со Мицкоски на улицата Македонија.
Ако на Ковачевски му е до кафиња, треба да знае дека на Македонија ѝ се плаче од такви како него.
Ниту тајни средби ниту кафиња во кафулиња ќе има. Работите се пресериозни од паушалните и детски недораснати игри на Ковачевски.
Во Македонија никогаш не се живеело полошо.
И затоа важно е да бидат поразени“.
Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Премиер ли е, алваџија ли е, ниту кафиња ниту тајни средби ќе има, работите се пресериозни за државата е превземен од МАКФАКС.