За време на празниците да работат продавниците, штандовите и киосците што вршат трговија на мало, препорачува Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС и ДУИ граѓаните во Македонија работат за најмала минимална плата во Европа

пред 11 месеци

Со СДС и ДУИ граѓаните во Македонија работат за најмала минимална плата во Европа, послаби се само БиХ, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Според информациите кои ги објави Евростат, Македонците имаат најмала минимална плата во регионот и Европа, полоши се само Босанците. Во Македонија минималната плата е 327 евра, додека во Албанија е 350, а во Србија 402 евра.

Со СДС и ДУИ, Македонија е двојно послаба од Хрватска, а три пати послаба од Словенија во однос на минималната плата.

Со СДС и ДУИ сите земји ја претркаа Македонија.

Животниот стандард на граѓаните од ден во ден е се полош“, појаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, доволно е да се погледне минималната плата и ќе се види дека СДС и ДУИ ја уништија државата.

Власта, според оваа партија, не создаде услови платите да растат и да се генерира реален раст, ја угуши економијата со криминал и корупција.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС и ДУИ граѓаните во Македонија работат за најмала минимална плата во Европа е превземен од МАКФАКС.