ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата на братот на Љупчо Николовски направила раст на приходи за неверојатни 2100 отсто

пред 4 години

„Додека Македонија бележи нови 55 илјади невработени, вицепремиерот за (анти)корупција Љупчо Николовски се крие и не одговара како е можно фирмата на неговиот брат да бележи раст на приходите за 2.100 % за само една година?“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Елон Маск нема ваков раст за една година, каков што успеала да направи фирмата на братот на Љупчо Николовски.

„Заради ваквите екстра богатења на лица блиски до власта на Заев, Македонија тоне во корупција. Љупчо Николовски нека не се крие и нека каже каков бизнис прави оваа фирма, дали и колку државни пари легнале на нејзината сметка, дали ова не е класичен судир на интереси и корупција, токму она против кое тој е поставен да се бори.

Власта на заев очигледно работи по принципот да поставува волк да чува трло со овци. Затоа Македонија е на 111 место според Транспаренси во борбата против корупцијата, полоша дури и од Буркина Фасо и Брегот на слоновата коска. Затоа народот и стопанството тонат во сиромаштија, а фирмите блиски до власта имаат раст на приходи од неверојатни 2100 отсто“, се додава во соопштението.