Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска во рамки на официјалната посета на Норвешка, ја инаугурираше македонско – норвешката трговска комора.
Како што информираат од ресорното министерство, на настанот присуствувале повеќе реномирани норвешки компании кои имаат отворени бизнис релации со Северна Македонија, меѓу кои Normak, Innovation Norge, Pemco, Norske Solar, Exco, Sparpark, SM Enterprenour/Recover.
За време на состанокот Османи истакнал дека актуелните инвестиции на Innovation Norge во Нормак и потенцијалните инвестиции на споменатите компании, како и воспоставувањето на македонско – норвешката трговска комора ќе дадат силен поттик на бизнис заедниците за нивна поблиска и поинтензивна соработка со што ќе се придонесе кон, како што рекол, зголемување на трговската размена.