Војнички ранец падна на кров од куќа во Неготино.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Од МВР преку соопштение информираа дека станува збор за војнички ранец во сопственост на војник од сојузничка армија.
„Вчера во ОВР Неготино, 35-годишниот Б.С. од Неготино пријавил дека дел од падобранска опрема паднала на кровот од неговата куќа и оштетила неколку ќерамиди. Извршен бил увид од екипа од ОВР Неготино и бил пронајден еден војнички ранец сопственост на војник од сојузничка армија во состав на Мултинационална вежба „Вежбовни десантни падобрански скокови од авион“ над подрачјето на Неготино“, информираа од МВР.
Како што се додава, ранецот бил вратен на војникот, а штетата на кровот ќе биде надоместена.