На територија на општина Бутел вчера беа изречени вкупно 143 санкции, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Министерството за внатрешни работи информира дека за возење без дозвола санкционирани се 32 лица, 27 технички неисправни и нерегистрирани возила, а санкционирани се и седум мотоциклисти.
Од МВР појаснуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.