Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден (3 септември) спровела засилени акциски контроли на територијата на Скопје.
Како што информираат од МВР, притоа изречени биле вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 16 за возење без возачка дозвола, три за управување под дејство на алкохол, 8 за користење мобилен телефон, 9 за некористиње на сигурносен појас, две за минување на црвено светло, 7 за нерегистрирани и технички неисправни возила и 37 за непрописно паркирање.
Од ресорното министерство порачуваат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во текот на викендот.