Во скафандери, пратениците Мицевски и Петкова пристигнаа во Собранието да гласаат за недоверба

пред 3 години

Двајцата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и Ангелина Петкова, пристигнаа во Собранието во скафандери, за денешната седница на која треба да се гласа за недоверба на Владата.

Тие дојдоа со свои возила, а во Собранието влегоа по отпочнување на седницата.

Пред Собранието беа пречекани од новинарите, а спроведени од службите. На седницата беа сместени во салите за превод, секој одделно.

„Се надевам дека овојпат нема да има кривични пријави за биолошки тероризам“, рече Талат Џафери на седницата, по што даде пауза.

Ова е вторпат како пратеници доаѓаат во скафандери да гласаат. Претходно, во април годинава, пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска со скафандер и со амбулантно возило пристигна за да обезбеди кворум во Собранието иако беше заразена со Ковид-19.

Тогаш, тоа наиде на критики од ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата.

Поради ова, од Левица беше поднесена и кривична пријава за биолошки терорирзам.