Во Скопје уапсен разбојник непосредно по грабежот

пред 3 години

Полицијата попладнево го привела З.С. (49) од Скопје поради сомнение дека околу 17 часот со закана со остар предмет одзел пари од вработена во финансиско друштво во Скопје.

Како што информират од МВР. веднаш по добиената пријава преземени биле соодветни мерки и за околу еден час З.С. бил приведен на Кеј 13 Ноември, а кај него биле пронајдени пари.

По документирање на случајот, против 49-годишникот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.