Првото родено дете во новата 2024 година во општина Гази Баба е женско.
За таа цел, денес, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, ја посети Клиниката за гинекологија и акушерство, каде што се породи мајката.
За посетата, градоначалникот информира на својата официјална страница на „Фејсбук“, на која напиша:
„Се роди првото бебе во општина Гази Баба.
Првото бебе родено во новата 2024 година во општина Гази Баба е женско!
Утрово, на Клиниката за гинекологија и акушерство ја посетив мајката Џелјан Сејди од Страчинци, која роди женско дете, нејзино четврто.
Општина Гази Баба на мајката што го роди првото бебе во 2024 година ѝ доделува еднократна парична награда во висина од 20.000 денари.
Посакувам во новата година да се родат многу дечиња, а Општината ќе биде тука да создава услови за безгрижно детство“, напиша Стефковски.
Текстот Гази Баба ѝ додели 20.000 денари на мајката на првороденото бебе во општината е превземен од МАКФАКС.