Почна проектот за целосна реконструкција на зелениот појас на десната страна на кејот на реката Вардар, која се одвива во повеќе фази со цел воспоставување мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило, информираат од Град Скопје.
„Се почнува со обнова на зелениот појас на кејот на реката Вардар од мостот ‘Генерал Михајло Апостолски’ до мостот ‘Близнак’, во должина од над 1.500 метри, при што се поставува нова хидрантска мрежа и формира над 12.000 квадратни метри нова зелена површина“, се нагласува во соопштението.
Текстот Град Скопје: Почна проектот за целосна реконструкција на зелениот појас на десната страна на кејот на реката Вардар е превземен од МАКФАКС.