Од Град Скопје реагираат на изјавата на Љубица Јанчева од СДСМ, за празната каса на Градот.
„ Госпоѓата Јанчева најдобро знае зошто е испразнета буџетската каса на Град Скопје. Ја повикуваме Јанчева ако навистина се грижи за градскиот буџет да ги врати сите средства потрошени на име угостителски услуги што таа лично ги потрошила на сметка на Град Скопје. Од градот веќе е поднесена една кривична пријава за Јанчева за злоупотреба на градскиот буџет за оваа намена и очекуваме државните органи соодветно да постапат по истата.
Град Скопје и оваа градска администрација работат исклучиво за потребите и барањата на граѓаните, а дополнително се кратат сите непродуктивни трошења со цел обезбедување на што е можно повеќе средства за нови проекти за Скопје и скопјани“, соопштија од Град Скопје.