Граѓаните да бидат среќни и горди што сме земја членка на НАТО со исклучително ниво на стабилност, рече Ковачевски

Граѓаните да бидат среќни и горди што сме земја членка на НАТО со исклучително ниво на стабилност, рече Ковачевски

пред 1 година

Граѓаните во Северна Македонија треба да бидат среќни и горди што сме земја членка на НАТО, која има исклучително ниво на безбедност во споредба со друга земја што не е членка на алијансата, изјави премиерот Димитар Ковачевски на неформалниот состанок на НАТО во Скопје.

Прашан каква е безбедносната состојба во Македонија со оглед на тензиите помеѓу Косово и Србија, но и поради националистичката реторика во Македонија, која се чувствува во предизборието, премиерот смирува дека состојбата со безбедноста во земјата е стабилна.

„Нивото на инфомации што безбедносните служби ги имаат и ги споделуваат со партнерските безбедносни служби од земјите членки на НАТО во однос на поединци, групи и организации што сакаат да го нарушат нивото на безбедноста е на ниво што е незамисливо за оние што не се во детали вклучени во вакви прашања. Системот на превенција и заедничко работење со централата на НАТО во Брисел и директната соработка функционира беспрекорно“, рече Ковачевски.

Премиерот додаде и дека регионалната безбедност носи и економски просперитет.

Текстот Граѓаните да бидат среќни и горди што сме земја членка на НАТО со исклучително ниво на стабилност, рече Ковачевски е превземен од МАКФАКС.