Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Велес денеска лишиле од слобода три лица, од кои две од Кочани и едно од Велес, поради сомнение дека се сторители на кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги.
Како што информираат од МВР, по преземени мерки и активности во близина на расадник во Велес, околу 06.30 часот полициски службеници ги затекнале Е.М.(35) и С.В.(39) од Кочани, кои биле паркирани со патничко возило „мерцедес“, со кочански регистарски ознаки, како купуваат дрога од Д.В. од Велес.
Откако ја забележале полицијата, Е.М. од прозорецот на возилото исфрлил поголемо пакување со марихуана, кое било пронајдено и одземено, а двете лица биле веднаш приведени во полициска станица.
Малку подоцна е приведен и Д.В., во чиј дом и помошни простории, бил извршен претрес со судска наредба, при што биле пронајдени три пакувања со марихуана и една вага, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени кривични пријави.