СДСМ се наоѓа во многу тешка ситуација, има потреба од нов почеток: Деспотовски ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ

Деспотовски: Германската инвестиција не е на ниту една партија, туку на сите граѓани на Македонија

пред 4 месеци

„Внимателно ја следам дискусијата и изјавите во јавноста поврзани со новата германска инвестиција во Македонија. Две работи за денес: прво, инвестицијата не е ниту на ВМРО ДПМНЕ, ниту на СДСМ туку на сите граѓани на Македонија.“, вели Деспотовски, и додава:

„Второ, во однос на соопштението кое е напишано од моменталната раководна структура на СДСМ.

Не може да се бориме со “присвојување“ на вистината со тоа што ќе креираме „своја вистина“ за работи за кои целокупната јавност беше сведок пред само една година.

Водечка улога во носењето и реализацијата на оваа инвестиција има тимот на ТИРЗ кои работеа посветено и професионално, и затоа оваа нова инвестиција е инвестиција за сите граѓани на Македонија, а не на политички партии!“, изјави Деспотовски.

Текстот Деспотовски: Германската инвестиција не е на ниту една партија, туку на сите граѓани на Македонија е превземен од МАКФАКС.