Димитар Ковачевски е нов претседател на СДСМ, објави на вечерашната прес-кондеренција Централната изборна комисија на партијата.
Пред медиумите беше соопштено дека се обработени сто отсто од пристигнатите податоци од општинските изборни комисии.
Димитар Ковачевски кој на гласачкото ливче беше под реден број еден освоил најмногу, 37 649 гласа.
За Јован Деспотовски гласале 3.319 членови на СДСМ, а за Фроснина Ременски 2.836. 602 ливчиња биле неважечки.
Зад Ковачевски застана досегашниот партиски лидер и премиер Зоран Заев, како и најголем дел од партиското раководство.