Директорка на училиште во Драчево со лажен сертификат за англиски ја добила позицијата, вакво нешто сторила и директорката на болницата во Дебар, кривични против двете

Директорка на училиште во Драчево со лажен сертификат за англиски ја добила позицијата, вакво нешто сторила и директорката на болницата во Дебар, кривични против двете

пред 11 месеци

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 49-годишната Т. К. од Скопје и 56-годишната С. К. од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело употреба на исправа со невистинита содржина.

„Пријавената Т. К., вработена во основно училиште во с. Драчево, Скопско, и пријавената С. К., вработена во Општата болница во Дебар, набавиле лажни меѓународни сертификати за познавање англиски јазик, издадени од училиште за јазици од Република Бугарија. Т. К. го употребила сертификатот при аплицирање на јавен оглас за избор на директор на основно училиште во с. Драчево по што со решение на градоначалникот на општина Кисела Вода била именувана за директор во училиштето“, велат од МВР.

На сличен начин С. К. го употребила сертификатот за познавање англиски јазик при пријавување на конкурс за именување директор на ЈЗУ Општа болница – Дебар по што од министерот за здравство била именувана за вршител на должноста директор на ЈЗУ Општа болница – Дебар.

Текстот Директорка на училиште во Драчево со лажен сертификат за англиски ја добила позицијата, вакво нешто сторила и директорката на болницата во Дебар, кривични против двете е превземен од МАКФАКС.