Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левицата гласаа сè што Градот и Арсовска предложија

ДКСК поднесе пријава против Данела Арсовска за именување на директори

пред 11 месеци

Пријави за градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и за повеќе општини беа во фокусот на денешното продолжение на 99. седница на Државната комисија за спречување на корупција на која беа разгледани повеќе предмети кои беа во најголем дел отфрлени или беше одлучено постапката да се запре.

За пријавата за градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во врска со именување на директори, беше одлучено да се достави до надлежно постапување на Инспекциски совет бидејќи, како што посочија, од инспекторатот има две спротивни одлуки.

Помеѓу предметите се запреа постапките против Општина Дебар за неизвршување на решение донесено од Државен управен инспекторат, како и постапката за неправилности за работа во Агенција за филм за која посочија дека веќе постапуваат други органи.

Текстот ДКСК поднесе пријава против Данела Арсовска за именување на директори е превземен од МАКФАКС.